ГДУ му оддаде почит на револуционерот Гоце Делчев

582

Претставници на Граѓанско демократската унија (ГДУ), Ѓорги Трендафилов, претседавач на Националниот комитет на партијата, членот на Управувачкиот комитет Јована Спасевска и членот на Националниот комитет Александра Трнковска, оддадоа почит и положија свежо цвеќе на гробот на големиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 115-тата годишнина од неговото загинување на 4 мај 1903 г. крај селото Баница.

„ГДУ како партија која се залага за слобода, еднаквост и правда, како темелни вредности во нашето општество, стои цврсто позади идеалите за кои се борел и апостолот на македонското револуционерно дело Гоце Делчев. Вечно ќе остане врежано во колективното сознание на Македонија начинот на кој револуционерот Делчев го разбирал светот, а имено како поле за културен натпревар помеѓу народите, што е и една од основните вредности на модерна и обединета Европа“, се наведува во соопштението на ГДУ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...