Истражители од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) вчера почнале да изведуваат увид во документација во Акционерското друштво „Македонска пошта“.
Од Специјалното јавно обвинителство засега ниту ја потврдуваат, ниту ја демантираат оваа информација.
Не е познато ниту дали документацијата што ја побарале истражителите на СЈО е поврзана со работењето на оваа институција или за постапка поврзана со друг случај.