Шведската ѕвезда Златан Ибрахимовиќ направи уште еден интересен коментар во интервју за локален ТВ канал. Триесет и шестгодишниот напаѓач во моментов игра во Лос Анџелес Галакси, а едно од прашањата беше поврзано со неговото одбивање да премине во клуб од Кина, кој му нудел 100 милиони долари.
– Парите не се важни, но многу пари се важни. Сто милиони не беа доволни за мене – рече Ибра во својот типичен стил.
До март Ибрахимовиќ беше фудбалер на Манчестер Јунајтед, но го раскина договорот по взаемна согласност и одлучи да ја продолжи кариерата во САД.
Во своите први пет натпревари за Л.А. Галакси, Ибра постигна три гола.