Груевски: Политички процес против мене, целта е смена на името

123

Против мене се води политички процес, во кој што судиите треба да одработат. Секој ден сум во судница, бидејќи Заев и Димитров го решаваат името и им треба народот да зборува за Груевски и случаите, рече експремиерот Никола Груевски по денешното судење за предметот „Тенк“.

– Им треба помалку да се зборува за националното предавство на кое што се посветени. Наместо да се зборува за суштински прашања, се обидуваат да се зборува за тоа кој кров протекол, колку чини „мерцедесот“ – рече Груевски.

Според него, дебатите со продавањето на „мерцедесот“ и неговата цена биле дел од пропагандата за одвлекување на вниманието од смената на името и идентитетот на Македонија и македонскиот народ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...