Министерката за одбрана Радмила Шекеринска прашана дали се точни информациите дека амбасадорот Васко Наумовски ниту ја пречекал, ниту ја испратил по нејзината посета и средбите со највисоки функционери во Пентагон и Стејт департментот, потврди дека воопшто не го видела нашиот амбасадор и се согласи дека е скандалозно тоа што амбасадорот така постапил.
-За тоа, сепак, прво сакам да разговарам со министерот Димитров, но се согласувам дека е скандалозно да нема интерес да биде на тие средби кои по цели шест години повторно се на највисок ранг – рече Шекеринска за телевизија Телма.
Таа додаде дека е сосема легитимно правото на амбасадорот да биде со друго политичко убедување, но не го разбира потегот на Наумов да постапува така кога се во прашање државни работи.
– Ако му пречи актуелната власт како не му пречи секој први во месецот да си ја земе платата и да седи во Вашингтон – рече Шекеринска.