МЗТ го победи Работнички

144

МЗТ Скопје во СЦ „Јане Сандански“ го совлада Работнички со 80:76 во претпоследното, деветто коло од Супер лигата. За тимот од Аеродром ова е прва прволигашка победа над вечниот ривал сезонава.

Работнички добро го започна натпреварот, но МЗТ брзо се врати во игра и првата четвртина ја заврши во своја корист 24:22.

„Штрковите“ во втората четвртина преземаа иницијатива, но Работнички не дозволи резултатско одлепување и на пазуата домаќините заминаа со само четири поени предност 47:43.

И во третата четвртина МЗТ го диктираше резултатот, но потоа и двата тима направија низа грешки во нападот. Работнички израмни на 54:54, но домаќините успеаа да ја зачуваат предноста од 60:57.

Последната четвртина беше најнеизвесна бидејќи прво поведе Работнички, но потоа МЗТ направи серија, го презеде водството и на крајот славеше со 80:76.

Џордон Крафорд со 16 поени беше најефикасен кај МЗТ, додека кај Работнички убедливо најпрецизен беше Чавдар Костов со 27 поени.

Работнички останува лидер на табелата со само два порази, а МЗТ обезбеди предност од една победа пред Блокотехна во пресрет на последното коло, во кое и да загубат остануваат втори.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...