Назначувањето на Косана Мазнева на висока партиска функција во кабинтетот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а која истовремено е и член и на Програмскиот совет на Македонската радио телевизија, јасно го покажува односот на ВМРО-ДПМНЕ кон медиумите и го потврдува обидот за партиско влијание врз работата на јавниот сервис, реагира СДСМ.
– Мазнева, носителката на висока функција во кабинтетот на претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, мора веднаш да поднесе неотповиклива оставка од Програмскиот совет на МРТ – соопшти СДСМ.
Од таму додаваат дека со овој случај уште еднаш се потврдува потребата од реформи во јавниот сервис што ќе овозможат професионализација на МРТ и дополнително ја потврдува потребата од законска регулација во овој дел. Според СДСМ, новиот Закон за аудио и аудиовизуелни услуги ќе стави крај на партизацијата на јавниот сервис и ќе обезбеди просефионално, независно и непартиско раководно тело на МРТ кое ќе работи во интерес на граѓаните.