НБРМ ја задржува проекцијата за раст на БДП за годинава до 3,2 отсто

осечки фактори за растот во 2018 година, како што рече на денешната прес-конференција гувернерот Димитар Богов, се извозот, инвестициите (посебно во приватниот сектор поттикнати од новите владини мерки за поттикнување на инвестициите) и личната потрошувачка.

218

Народната банка во својата априлска ревизија на макроекономските проекции ги задржа предвидувањата за раст на БДП за годинава до 3,2 отсто и за следната година до 3,5 отсто од предходната ревизија во октомври 2017.

Носечки фактори за растот во 2018 година, како што рече на денешната прес-конференција гувернерот Димитар Богов, се извозот, инвестициите (посебно во приватниот сектор поттикнати од новите владини мерки за поттикнување на инвестициите) и личната потрошувачка.

– Се очекува дека главен фактор ќе биде извозот, особено од новите производствени капацитети, очекуваниот прилив на нови странски инвестиции, но и од закрепнувањето на дел од традиционалните сектори. Се очекува дека инвестициите да дадат значителен поттик за растот во двете години, бидејќи се предвидува солиден раст по падот од 2017 година, при подобар амбиент за инвестирање на домашните инвеститори. И очекувањето во поглед на движењето на потрошувачките цени во глобала се непроменети, со извесни отстапувања во компонентите – рече Богов.

НБРМ има умерени промени во очекувањата за депозитниот и кредитниот раст.

– Се очекува депозитен раст од 6,4 отсто и 6,5 отсто за 2018, односно 2019 година, наместо претходно предвидените 6,1 отсто и 6,3 отсто. За 2018 и 2019 година се очекува кредитен раст од 6,5 отсто и 7,7 отсто, соодветно, при што банкарскиот систем и натаму е стабилен, ликвиден и висококапитализиран -рече Богов.

За годинава останува и проекцијата на инфлацијата на околу два процента.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...