Примерните затвореници од Шутка гледаа претстава во Театар Комедија

599

Група од 10-15 затвореници од затворот „Скопје“ во Шуто Оризари вчера ја гледаа претставата „Нешто пропуштаме“ во Театар Комедија.  Ова е првпат затвореници да бидат однесени во театар и со тоа започна реализирањето на активностите предвидени во меморандумот за соработка меѓу Министерството за култура и затворот во Шутка.

„Со меморандумот културата и уметноста во функција на едукацијата и ресоцијализацијата се приближуваат до една деликатна и маргинализирана категорија на граѓани. Соработката предвидува посети на културно – уметнички настани за примерните осуденици, збогатување на библиотеките, работилници и настани во самата установа со осудениците и со гости – уметници“, соопштија од Министерството за култура.

Со оваа акција, нагласуваат оттаму, се адресираат и препораките на Комитетот за спречување на тортура (ЦПТ) на Советот на Европа, кои години наназад упатуваат на отсуство на какви било активности за едукација и ресоцијализација на осудениците во македонските затвори.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...