Спортскиот директор на Рома, Рамон Родригез – Мончи смета дека ако во Лигата на шампионите се користел системот ВАР за помош на судијата, тогаш финалето во Киев можеше да ги спротивстави Рома и Баерн, а не Реал Мадрид и Ливерпул.
– Не разбирам зошто тоа не важи за најважниот турнир во Европа. Се разбира, грешки ќе има и понатаму, но значително ќе се намалат. Ова нанесува удар не само на нашите финансии, туку и на подготвеноста за работа – изјави Мончи по мечот.
Тој продолжи со својот коментар за судењето и смета дека поради грешките настрадал италијанскиот фудбал, откако и Јувентус ја имаше истата судбина во четвртфиналето.
– Момчињата се бесни во соблекувалната, во второто полувреме го дадоа максимумот. Во првиот натпревар ни дадоа гол од офсајд, денес не добивме два пенали и имаше црвен картот. Време е да се подигне нашиот глас, време е италијанскиот фудбал да удри по масата. Не бевме само ние оштетени, и Јувентус ја доживеа истата судбина во натпреварот против Реал Мадрид – рече спортскиот директор на Рома.