Трет обид Катица Јанева да го презентира извештајот пред пратениците

318

Последниот шестмесечен извештајот за работата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) е на дневен ред на продолжението на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците закажана за денеска.

Ова ќе биде трет обид на пратениците да чујат од специјалната јавна обвинителка Катица Јанева што сработило ова обвинителство и со какви предизвици се соочуваат.

Образложувањето на Извештајот на СЈО пред членовите на Комисијата беше два пати одлагано.

Врз основа на Извештајот во овој шестмесечен период СЈО завело 136 предистражни постапки, отворило седум нови истражни постапки, а целосно се одобрени 15 обвиненија. Во истиот период, СЈО отворило седум нови истражни постапки против вкупно 17 физички лица.

СЈО досега обработило 515.572 од вкупно 606.555-те аудио-фајлови со кои располага односно 85 отсто од „бомбите“ предадени од Зоран Заев, при што изработени се 1.784 транскрипти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...