АТАНАС КИРОВСКИ Ја поткопа ли Зоран Заев позицијата на Никола Димитров?

247

„Шармерската дипломатија пред дебакл“ е колумна во утрешен „Слободен печат“, во која директорот на Телма критикува ја владата за начинот на преговори.

Премиерот Зоран Заев кажа дека владата е подготвена да прифати име за географска одредница – но без да инсистира на двојната формула во таа изјава, со која целосно ги поткопа позициите на македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров.

Ова го тврди Атанас Кировски, директор и главен и одговорен уредник на телевизија Телма, во својата колумна под наслов „Шармерската дипломатија пред дебакл“, што ја објавува утрешното печатено издание на дневнот весник „Слободен печат“.

„Она што Грците ги навредува е постоењето и спомнувањето на македонскиот народ. Конечно Павлопулос тоа и отворено го порача. Тука нема простор ни за разговор, камо ли за компромис. Никој нема право во името на македонскиот народ, да им се извинува на Грците за нашето постоење, да наоѓа разбирање за нивниот негаторски шовинизам и ова треба да се соопшти гневно и гласно! Министерот Димитров за време на посетата на Нимиц ова и го стори, но премиерот Заев набргу ги поткопа неговите позиции и смислата на оваа изјава“, пишува Кировски.

Во ситуација кога опозицијата е целосно обезглавена по лидерската промена и тешкиот пораз на локалните избори – пишува Кировски – но и со фактот што против нејзини членови и симпатизери се водат бројни судски процеси заради настаните од 27 април, кој беше производ на една нерационална политика во чиј темел беше одбивањето да се изврши мирно примопредавање на власта, а и кога претседателот на државата неповторливо си го урниса кредибилитетот со масовни политички аболиции, па нивно повлекување, па диктирање нееднакви услови за доделување на мандат итн, во Македонија реално нема актуелен коректив на власта, доколку таа тргне во погрешна политика.

„Практички, сѐ е оставено на Заев и Димитров, и тука се појавија првите сериозни знаци на неусогласеност.“, заклучува тој.

Целата обемна колумна прочитајте ја во печатеното издание на утрешен „Слободен печат“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...