Шекеринска положи венец на гробот на непознатиот војник на Националните гробишта „Арлингтон“ ВИДЕО

234

Mинистерката за дбрана Радмила Шекеринска официјалната посета на САД ја заокружи со полагање на венец на Гробот на непознатиот војник на Националните воени гробишта „Арлингтон“.

Шекеринска го посети и Меморијалниот центар на националните гробишта „Арлингтон“, каде подари плакета во чест на загинатите американски војници.

Во текот на официјалната посетана САД, беше потврдено стратешкото партнерство меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Шекеринска се сретна со американскиот колега Матис кој ја реафирмираше американската поддршка за членството на Македонија во НАТО, а имаше и средби со високи официјални претставници на Белата куќа, Стејт Департментот, Конгресот и Сенатот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...