Заев: Верувам дека ќе се најде решение за името до јуни

365

Верувам дека може Македонија заедно со Грција да постигне решение пред одржување на Советот на министрите на ЕУ, изјави премирот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција по потпишувањето на меморандумот за соработка со Женевскиот центар за демократска контрола на вооружените сили.

Прашан кога очекува да се достави компромисно решение за името во ОН, Заев рече дека не сме далеку од решение, но можеме да бидеме и стварно далеку од решение.

– Би сакал да постигнеме решение дури и до самитот на ЕУ за Западен Балкан. Тоа е 17 и 18 мај, но поважно е да постигнеме решение. Ве уверувам дека движејќи се до она што ни е важно, а тоа е да се сочува достоинството и идентитетот и на нашата и на грчката страна, ќе се обидеме да го постигнеме решението што на Македонија ќе и обезбеди автоматска покана од НАТО и датум за преговори со ЕУ – рече Заев.

Нагласи дека верува оти Македонија заслужува и ги исполнува условите.

– Прашањето е политичко, но и политичките прашања треба да ги решаваме. Со овие продемократски и прозападни манири со кои што се однесуваме двете страни во разговорите верувам дека ќе најдеме сили до самиот крај да изнајдеме трајно и одржливо решение, што ќе биде од корист на двете страни – рече Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...