Стратешките приоритети поминаа на Влада

361

Владата на денешната седница ја разгледа и ја прифати предлог – одлуката со која се утврдуваат стратешките приоритети во работењето на Владата. Дел од приоритетите се развој на економијата, зголемување на продуктивното вработување и подигнување на животниот стандард на граѓаните, Република Македонија – членка на НАТО и ЕУ,
одлучна и неселективна борба со организираниот криминал и корупцијата.

Меѓу приоритетите се и  јакнење на владеењето на правото, преку непристрасно и недискриминирачко спроведување на законите, изградба на независни институции и функционален систем на локална самоуправа, реформи во образованието и инвестирање во иновации и информатичка технологија, реформи во правосудството,
целосно спроведување на Охридскиот рамковен договор и градење на граѓанска држава и етничка кохезија.

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за клучните наоди и препораки од Извештајот на Европската комисија за  Македонија за 2018 година. Владата го задолжи Секретаријатот за европски прашања да го консолидира Планот 2018 со внесување на соодветните елементи од Извештајот на Европската комисија за Република Македонија за 2018 година во рок од 7 дена. Дополнително, се задолжува ад хок работната група да го дополни План 2018 со соодветните препораки од Извештајот на Европската комисија за Република Македонија за 2018 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...