Митко Чавков, поранешен министер за внатрешени работи повторно излезе од притвор. Апелацискиот суд ја потврди одлуката тој да се брани од слобода.
За одбрана од слобода Чавков понуди недвижен имот во вредност од 600 илјади евра во куќи, станови, деловен простор и ниви од роднини и пријатели.
Поранешниот министер и директор на Бирото за јавна безбедност обвинет е за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста за настаните во Собранието од 27 април минатата година.