Дефект на сруја ја прекина работата на Собранието, седницата ќе продолжи утре

86
20130131 Thursday 1148 pratenicki prasanja i ladna (dzingovaca) vp sobranie

Собранието попладнево не продолжи со работа по 45. седница поради технички причини.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери на почетокот на попладневниот дел од денешната седницата кажа дека се прекинува поради технички причини и немање електрична енергија во одредени делови од градот.

– Поради дефекти во градот Скопје, надвор од Собранието, тука ја прекинувам работата и ќе продолжиме утре во 11 часот – изјави Џафери.

Пратениците во претпладневниот дел донесе повеќе закони, меѓу кои законот за високо образование, и измените и дополнувањата на законите за судовите, за Судскиот совет, за оружјето, за безбедноста во сообраќајот на патиштата и други.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...