И популарната српска фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ влезе во учебник за петто одделение.
Во вежбата има и стихови од песни од Бајага и од „Рибја чорба“, а од учениците се бара да ги откријат именките во падежот вокатив.
Од песна на Цеца цитиран е стихот „Сеќаш ли се, лепи громе мој, некаде је тло под нама пуцало“, на што таа реагирала: „Па сега токму тој стих. Има и подобри, зар не?“.