Обвинителство: Притворена е тетовка фатена со хероин

108

Основното јавно обвинителство Куманово, постапувајќи по кривична пријава поднесена од Царинската управа на Република Македонија, почна постапка против едно лице осомничено дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори од чл.215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничената 33-годишна жителка на Тетово се товари дека на 30.04.2018 година, на граничниот премин Табановце, при влез во Република Македонија, се обидела да внесе наркотична дрога хероин. Обвинителството вели дека осомничената како патник во автобус од еден превозник, во преграда која се наоѓала на потпирачот за раце и која била наменета за отпад, се обидела да сокрие две најлонски пакувања замотани во хартија со наркотична дрога хероин со вкупна маса од 13,44 грама. При извршен претрес во автобусот дрогата е откриена и одземена од страна на овластени царински службеници.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово до куановскиот Основен суд поднесе предлог за определување мерка притовр за осомничената.

Судијата на претходна постапка од Основен суд Куманово спроведе постапка и со решение го уважи предлогот на Обвинителството, односно ја определи предложената мерка притвор во времетраење од 30 дена сметано од 01.05.2018 година, с евели во известувањето од куманосвкото обвинителство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...