Израелскиот премиер сам ќе одлучува за објавување војна

а предлог законот синоќа гласаа 62 членови на Кнесетот наспроти 41 на опозицијата.

334

Израелскиот Парламент даде овластување премиерот да објави војна или голема воена операција со консултација само со министерот за одбрана без потреба од гласање на Кабинетот во целосен состав како што беше претходно.

Според израелски медиуми тој потег е „изненадувачки и значи потенцијално далекусежна победа“ за премиерот Бенјамин Нетанјаху.

За предлог законот синоќа гласаа 62 членови на Кнесетот наспроти 41 на опозицијата.

Според новиот закон во „есктремни околности“ премиерот и министерот за одбрана може да одобрат воени операции и за таа одлука нема да им биде потребно гласање од министрите во Владата. Со законот не е рпецизирано какви точно околности се подразбираат под „есктремни“ ниту кој ќе утврди дека околностите се такви.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...