Почина Бранка Ѓорческа, носител на Партизанска споменица од 1941

Бранка Ѓорческа е родена во Штип во 1924 година. Била учесник во Народно-ослободителната борба од 1941 година, припадник на Кумановскиот одред во 1943 година.

379

Во Тетово денеска почина Бранка Ѓорческа, носител на Партизанска споменица од 1941.

Бранка Ѓорческа е родена во Штип во 1924 година. Била учесник во Народно-ослободителната борба од 1941 година, припадник на Кумановскиот одред во 1943 година. Како истакнат борец и храбра жена била избрана за секретар на Третиот баталјон на СКОЈ во Третата народноослободителна бригада, секретар на бригадниот комитет на СКОЈ во четвртата бригада, секретар на дивизискиот комитет на СКОЈ во 50-та и 51-та девизија.

По ослободувањето станува член на Огласниот комитет во Штип, член на Окружниот комитет на СКОЈ во Скопје, командант на младинската бригада на изградбата на пругата Брчко Бановиќ и организациски секретар на Градскиот комитет на КПЈ во Тетово.

Како храбар и истакнат борец во Мајската офанзива Ѓорческа била ранета. Иако воен инвалид, учествувала во изградбата на Македонија, заземајќи разни должности. Одликувана е со Орден за храброст, Орден за братство и единство, Орден на Републиката со бронзен венец, Орден на трудот со црвено знаме, Орден заслуги за народ со сребрена ѕвезда.

Погребот на Бранка Ѓорчевска ќе биде извршен утре на Градските гробишта во Тетово во 13 часот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...