Една од најпознатите фотографии на 20-от век е онаа на славниот физичар Алберт Ајнштајн прикажан со исплазен јазик.
Станува збор за автентична фотографија, а не за монтажа.
Таа е снимена на 14 март 1951 година на забавата во Универзитетот Принстон по повод неговиот 72 роденден.
На коктелот на кој имало голем број гости, но и фотографи Ајнштајн се дружел и постојано позирал.
При крајот на забавата бил прилично изморен и еден негов пријател се понудил да го префрли дома. Во моментот кога се качил на задното седиште на автомобилот еден фоторепортер извикал „Може ли уште една фотографија!“.
Ајнштајн потоа се свртел и само го исплазил јазикот, а фотографот Арт Сасе ја направил фотографијата која стана светски позната.
На физичарот му се допаднала фотографијата и од Сасе нарачал дури девет примероци, а некои од нив ги употребил како поштенски картички.