Шекеринска во Вермонт: Македонија го заслужи членството во НАТО (ВИДЕО)

Веруваме дека поканата за Македонија за членство во НАТО ќе придонесе за нашата стабилност, но и за стабилноста во регионот, и ќе биде во интерес на САД, рече Шекеринска.

219

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска смета дека Македонија го заслужува членството во НАТО со својата посветеност и работа, како и дека поканата од Алијансата би придонела не само за стабилноста на земјата, туку и на целиот регион.

– Мојата цел е да ја побарам поддршката од стратешкиот партнер на Македонија, САД, во пресрет на Самитот на НАТО. Македонија го заслужи местото во НАТО, работевме напорно. Покажавме дека Македонија е посветен партнер на кој членките на Алијансата можат да сметаат. Веруваме дека поканата за Македонија за членство во НАТО ќе придонесе за нашата стабилност, но и за стабилноста во регионот, и ќе биде во интерес на САД – рече Шекеринска на прес-конференција за американските медиуми за време на посетата на Сојузната држава Вермонт.

Таа на прес-конференијата одговараше на новинарски прашања за средбите со гувернерот и командантот на Националната гарда во Вермонт, за целта на официјалната посета на САД, за пораките кои ги доби на средбите со официјалните лица во Вашингтон и значењето на поддршката од стратешкиот партнер за членство на Македонија во НАТО.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...