МААЕ нема докази дека Иран работи на нуклеарно оружје

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа изјави дека неговата Влада има „половина тон“ тајни ирански документи кои покажуваат дека Техеран има програма за нуклеарно вооружување.

70

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денеска соопшти дека нема „никаква сигурна индиција дека Иран се обидувал да се стекне со нуклеарно оружје по 2009 година.

Според МААЕ, прашањето на иранската нуклеарна програма е затворено по извештајот објавен во декември 2015 година.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа изјави дека неговата Влада има „половина тон“ тајни ирански документи кои покажуваат дека Техеран има програма за нуклеарно вооружување.

Тој тоа го нарече „големо разузнавачко достигнување“ и тврди дека документите покажуваат оти Иран лажел за своите нуклеарни амбиции пред да го потпише мултилатералниот договор во 2015 година.

Иран негира дека тежнеел да се стекне со нуклеарно оружје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...