Роналдо пред нов рекорд на „Бернабеу“

Досега Кристијано се запиша во изминатите девет натпревари на тој стадион,и не станува збор само за еден гол, туку за вкупно 18.

147

Ако Кристијано Роналдо вечерва постигне гол против Баерн Минхен во Лигата на Шампионите, тој ќе постави ново големо достигнување на „Сантијаго Бернабеу“ – барем по еден погодок во десет последователни дуели.

Се започна со двата негови гола против Депортиво Ла Коруња во јануари. Следеше „хет-трик“ во мрежата на Реал Сосиедад, два на Пари Сен Жермен, по два против Алавеш и Хетафе, четири против Жирона, како и прецизни удари во домашните мечеви на Реал против Атлетико Мадрид, Јувентус и Атлетик Билбао.

Во Лигата на шампионите оваа сезона Роналдо реализираше вкупно 15 голови. Рекордот од 17 погодоци исто така е негов, и беше во сезоната 2013/14

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...