Криминалот и корупцијата сериозно го гушат нашето општество. И додека во општеството се наметнуваат теми кои внесуваат етнички поделби, се одвлекува вниманието кон теми од минатото без да се гледа иднината, теми кои служат за колективна хипноза, во реалноста се случуваат сериозни случаи кои отвораат сомнеж за сторен криминал. обвини претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Македонија се бори со криминален канцер кој го труе општеството и чии пипци навлегуваат во секоја пора. А, изворот на тој канцер стига до највисоките структури на власта.
Денес ќе презентирам случај каде имаме индиции и сомнеж за постоење на криминал во кој се вмешани компании на луѓе од врвот на власта.
Ова е случај каде треба да се вклучи и да ги провери сите аспекти Јавното Обвинителство на Република Македонија.
Обвинителството треба да провери дали е точно дека компанијата која важи за блиска до власта „СВ Инвест“ е ангажирана за подизведувач во оперативните градежни работи во РЕК Битола, која пак претходно добива огромен бизнис во 4 очи.
Од материјалот кој може да се види Фирмата „СВ Инвест“ врши превоз на јаглен со товарни возила на кои како што се гледа од приложениот материјал се со јасна ознака на оваа компанија, но истите возила се со струмички регистерски таблици. Тоа е така бидејќи сопственик на овие камиони кои се гледаат од видео материјалот не е „СВ Инвест“, туку компанијата „ДГИ Тотал Инжинеринг Струмица“ каде управител и сопственик е лицето Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев.
Имено во одреден временски период на почетокот на оваа година обвинителството треба да провери колку пари, за која работа, низ каква процедура и во чие име, работа вршеле возилата на компанијата на братот на премиерот Зоран Заев, Вице Заев.
Дали и низ каква постапка компанијата на Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев врши услуги чии краен корисник е државна компанија? И зошто неговите камиони се со налепници на друга приватна компанија?
Ќе потсетам дека пак компанијата „СВ Инвест“ со чии налепници се обележани камионите во сопственост на компанијата на Вице Заев беше дел и во друг сомнителен тендер за ангажирање на работници во РЕК Битола во 4 очи, по многу повисоки цени, од тие кои реално се исплаќани на работниците.
Јавноста заслужува одговори, Македонија тоне во криминал. Одговорност мора да има!