Дека Роналдо и Георгина се лудо богати најдобро покажува оваа фотографија од неа во тренерки ФОТО

Свршеницата на фудбалерот позирала во приватен авион опкружена со некои од најскапите чанти на светот – „Ермес Биркин“, „Диор“, „Луј Витон“…

802

Ако досега не сте можеле да замислите со колкаво богатство располагаат Кристијано Роналдо и неговата партнерка Георгина Родригез, по нејзината последна објава би можело да ви стане мошне јасно.

На фотографијата, свршеницата на фудбалерот позирала во приватен авион опкружена со некои од најскапите чанти на светот – „Ермес Биркин“, „Диор“, „Луј Витон“… Но, за да докаже дека не купува само скапоцени чанти, таа се пофалила и со брендирани чорапи со потпис на „Баленсијага“.

Георгина се пофалила и со бројните парчиња накит помеѓу кои посебно се истакнал дијамантскиот прстен чија вредност се проценува на околу 380.000 долари.

Но, да се вратиме на чантите – Родригез позирала со црна чанта од крокодилска кожа „Биркин“ која се смета за најлуксузната чанта на светот. Цените главно се движат од 6.000 до 120.000 долари, ако станува збор за персонализирано парче. За купување на овие чанти постои и долга листа на чекање, а во 2016 година, ваквата чанта била прогласена за инвестиција повредна и од злато.

Секако, Џорџина не ја поседува само оваа чанта „Ермес Биркин“ – таа има најмалку шест, а со торба од овој бренд може да се забележи и Роналдо.

На неодамнешната фотографијa на Георгина, од страна се забележува и нешто „поскромната“ чанта со потпис на „Диор“ чија цена е околу 2000 долари, а од внатрешноста на скапоцената чанта „Биркин“ се гледал и несесер со потпис на „Луј Витон“ кој изнесува околу 600 долари. Сите овие скапоцени модни додатоци кои вредат вистинско богатство, Георгина ги искомибинрала со – тренерки и патики.

Инаку шпанските медиуми тврдат дека Роналдо ѝ дава на Георгина месечен „џепарлак„ во износ од 100.000 евра. Таа наводно за секоја спонзорирана објава на Инстаграм бара околу 8.000 евра, а за интервјуа барала и до 100.000 евра.

Роналдо со Јувентус има договор од речиси 30 милиони евра годишно.

FOTO: Printskrin/Instagram

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...