Иако има само 20 години, Вокер е еден од најслушаните артисти на денешнината.
Еден од најактуелните хитмејкери, диџејот Алан Вокер, доаѓа на Скопје колинг 2018!
– Во рамките на јубилејот 25 години од постоењето на „Авалон продукција“ и со желба Скопје да биде континуирана туристичка дестинација, се одлучивме оваа година фестивалот да трае два викенда – соопштија од „Авалон продукција“.
Хедланјер на првиот викенд на Скопје колинг 2018 ќе биде Алан Вокер, со настап на 2 јуни, сабота, на стадионот на АРМ. Иако има само 20 години, Вокер е еден од најслушаните артисти на денешнината, додека на Јутјуб, неговите хитови „Faded“, „Alone“ и „Sing Me To Sleep“ ги соборија сите светски рекорди на гледаност и ги покорија светските топ-листи.
За годинава, Вокер најави нова музика и светска турнеја, каде што за првпат ќе го види македонската публика и онаа од регионот на Скопје колинг 2018. Влезниците по цена од 1.000 денари за партер и 1.500 денари за фан-пит ќе бидат во продажба од 9 февруари. Се најавуваат уште многу ексклузивни објави во рамките на проектот „25 години Авалон продукција“.