Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција одговори на новинарско прашање поврзано со матурантите, поради тоа што нивните рокови се скратени и може да имаат проблем со одржување на програмата, па дали ќе биде воведено конференциско држење на наставата по примерот на други земји.
– Зборувавме со министерот за образование и тие ќе разговараат во ракмките на нивните недлежности за некаква форма за скратување на програмата или нешто што може да се работи онлајн. Меѓутоа со таа мерка ќе излеземе кога ќе биде подготвена, вели Филипче.