Од ноќеска на полноќ малопродажните цени на бензините „еуросупер 95“ и „еуросупер 98“, како и на „еуродизелот“ и на екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за два денара по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Малопродажната цена на „еуросупер 95“ ќе изнесува 70 денари, на „еуросупер 98“ 71,50, на „еуродизелот“ 62, а на Екстра лесното масло за домаќинство 50,50 денари за литар.
Се зголемува и малопродажната цена на мазутот, за 1,317 денари, и килограм ќе чини 30,037 денари