Сопственикот на ФК Олимпијакос заразен со коронавирусот

81

Сопственикот на атинскиот фудбалски клуб Олимпијакос и на медиумската куќа „Алтер его“, Вангелис Маринакис, преку социјалните мрежи соопшти дека е заразен со новиот коронавирус, јави дописничката на МИА од Атина.

„Познатиот вирус ме „посети“ и сметав дека имам обврска да го објавам тоа. Добар сум, со оглед на тоа дека ги преземам сите неопходни мерки и сум дисциплиниран за упатствата од лекарите. Истото им го препорачувам и на моите сограѓани. Побрзо оздравување за сите нас“, напиша Маринакис на социјалните мрежи.

Маринакис е познат грчки бизнисмен, бродосопственик, сопственик и на англискиот фудбалски тим Нотингам Форест, како и на весниците медиумската куќа „Алтер его“, што ги издава весниците „То Вима“, „Та неа“, но и телевизијата „Мега“, која откако ја купи, минатиот месец одново почна со работа по пауза од четири години кога беше затворена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...