Во канцеларијата на Подрачното одделение на Државната изборна комисија во Велес досега 219 полнолетни граѓани направиле увид на податоците во Избирачкиот список.
Како што информира за МИА, Костадин Бабунски, раководител на Подрачното одделение во Велес, барање за упис или измени на Избирачкиот список граѓаните на Општина Велес, заедно со Општина Градско и Чашка може да поднесат електронски или писмено до канцеларијата на ДИК во Велес, а увидот трае до утре.
Бабунски информира дека до Подрачното одделеник на ДИК во Велес до 6 март, кога бил крајниот рок, немало доставено потписи за ниту една кандидатска независна листа.