Ливерпул може да добие многу тежок удар на крајот на сезоната и да остане без својата ѕвезда, Мохамед Салах.
Според „Сан“, египетскиот репрезентативец може да добие казна од три натпревари, бидејќи се обиде да го удри без топка дефанзивецот на Стоук, Бруно Мартинс Инди за време на натпреварот меѓу двата тима, но оваа епизода не ја забележа главниот судија и последици по првиот стрелец на „црвените“ немаше.
Во наредните часови сепак Дисциплинската комисија на ФА ќе ги разгледа видео-снимките за случајот и Египќанецот на крајот може да претрпи тешка казна за своите дејствија.
Во оваа сезона Салах е прв стрелец во Премиер лигата, со 31 гол на своја сметка.