Жалбениот совет при Врховниот суд на Република Северна Македонија ја одби како неоснована жалбата од поранешниот претседател – судија Јово Вангеловски, поднесена против одлуката на Судскиот совет на Република Северна Македонија.
Како што соопшти Врховниот суд, на вчерашната седница одбиена е жалбата на Вангеловски од 23 септември 2019 година за негово времено оддалечување од вршење на судиска функција и функција претседател на суд.
Вангеловски беше разрешен поради несовесно вршење на функцијата.
За в.д. претседател на Врховниот суд беше избран судијата Фаик Арслани, откако Судскиот совет го разреши Јово Вангеловски.