Анџелина Џоли откри дека нејзините две ќерки се оперирале

1814

Актерката Анџелина Џоли открила дека Шајло и Захара неодамна биле на операција. Во есејот за магазинот „Тајм“ објавен во неделата, мајката на шест деца пишувала за тоа како ги поминала изминативе два месеци во болница со Захара (15) и со нејзината помлада сестра Шајло.

„Последните два месеца ги поминав во и надвор од болници поради операциите на мојата најстара ќерка, а пред неколку дена ја гледав нејзината помлада сестра како оди на операција на колкот. Тие знаат дека ова го пишувам затоа што ја почитувам нивната приватност и заедно разговаравме за ова и тие ме охрабрија да напишам“, навела актерката.

Џоли не потенцирала каква операција имала Захара.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...