Јапонски научници: Ширењето на коронавирусот може да трае и повеќе од една година

738

Ширењето на новиот коронавирус нема да запре со настапувањето на топлото време и може да трае повеќе од една година. Тој став беше објавен на специјална пресконференција од група јапонски експерти и научници кои се членови на посебна владина комисија за борба против ширењето на коронавирусот, јавија јапонски медиуми.

– Ширењето може да трае од неколку месеци до шест месеци, и можно е тоа да трае и повеќе од една година – нагласи еден од експертите.

Според нив, новиот коронавирус „за разлика од обичниот грип, не е вид вирус, што исчезнува со доаѓање на топло време“.

Членовите на таа комисија укажаа дека во државата досега успеале да спречат „експлозивно ширење на вирусот“. Во моментот во Јапонија има заразаени над 1.200 луѓе, и 16 починати. Најголем дел од заразените (696) се патници и екипаж на крузерот Дајмонд принцес.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...