Меган Маркл и принцот Хари првпат им се придружија на останатите членови на кралското семејство, откако решија да ги напуштат своите кралски должности.
Британското кралско семејство се собрало да го прослави Денот на Комонвелтот во Вестмајнстерската опатија. Тие влегле во катедралата пред Вилијам и Кејт и ги зазеле своите места пред нив. Потоа се појавиле Вилијам и Кејт, а тоа било воедно и првата јавна средба на браќата по одлуката за Мегзит, како што британските таблоиди ја нарекоа нивната одлука, па сите фотоапарати и камери следеа како ќе се однесуваат при првата средба.
Кога Вилијам и Кејт се појавиле во катедралата, Меган и Хари се насмевнале, а Меган весело им мавнала на Кејт и Вилијма, па изговорила: „Еј …“
Тие ја поздравиле учтиво, исто така со насмевка.
Сепак, на многумина нивната реакција им изгледала ладна и непристојна па незадоволните коментари ги преплавиле социјалните мрежи.
„Ова навистина ме шокираше, Вилијам и Кејт се многу безобразни“, „Дури и јас морам да признаам дека ова изгледаше многу ладно. Ова не е начин на кој се поздравува братот“, „Кејт потполно ја игнорираше Меган“, се само некои од коментарите.
Меган го поздравила и принцот Чарлс со еднакво расположение, на кого му се поклонила со насмевка.
Вилијам и Кејт седеле во првиот ред, а зад нив во редот седеле Меган и Хари. „Кралските бегалците“ цело време биле многу добро расположени, а Меган го пленела вниманието во зелениот фустан со потписот на Емилија Викстед.
Британските медиуми воедно пишуваат дека ова е и последната кралска должност која Меган и Хари ќе ја извршат пред 31 март, кога и официјално престануваат нивните должности кон кралското семејство.
FOTO: Screenshot: BBC