Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Б.А.(32) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
На 26.04.2018 година околу 2,30 часот на улицата „Иван Хаџиниколов“, при преземање на службени дејствија во врска со непосредно воочен физички напад, скопјанецот физички нападнал полициски службеник.