Меркел: Најефикасно нешто против коронавирусот е времето

750
ФОТО: EPA-FRANCOIS-LENOIR--POOL

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека не се залудни мерките за забавување на ширењето на новиот коронавирус, појаснувајќи дека на тој начин „се купува драгоцено време“.

Меркел ја даде оценката на германско-грчки деловен форум во Берлин, каде посочи дека иако вирусот и натаму ќе се шири не значи дека мерките кои се преземаат во Германија и други земји се залудни.

– Најефикасна работа против вирусот е факторот време, за да се избегне преоптоварување на лекарите и болниците – истакна Меркел. Таа потенцираше дека тоа време е скапоцено за научниците да ги истражат лековите и вакцината и за владите да помогнат во смабдувањето со заштитна опрема.

Според податоците од 17 часот, во светот се заразени 111.758 лица, од Ковид-19 починале 3.891 пациент, а се излекувале 62.679.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...