Димитров прв во „кецот“, Спасовски во „двојката“, Касами во „шестката“

1487

Централниот одбор на СДСМ во хотелот „Александар Палас“ во моментов ги разгледува листите за пратеници за претстојните предвремени парламентарни избори.

Неофицијално, тандем носители за Првата изборна единици се предложени Никола Димитров и Мила Царовска.

За Втората изборна единица носители се Оливер Спасовски, а втора на листата е Сања Лукаровска.

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски е носител на листата на „тројката“ и по него Јагода Шахпаска.

Носител на листата за Четвртата изборна единица е лидерот на партијата Зоран Заев, а втора на листата е Соња Мираковска од НСДП.

Радмила Шекеринска ќе ја предводи листата за Петтата изборна единица, по неа е Јован Митрески.

Лидерот на Беса Билал Касами ќе биде прв во Шестата изборна единица, а по него е Фаница Николовска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...