По сместувањето на директорката на Клиниката за кожни болести, двајца членоиви од нејзиното семејство се во домашна изолација. Во домашна изолација се и 64 вработени на Клиниката за кожни болести, како и 11 пациенти. Самоизолација има и за 13 пациенти кои се лекувале во дневната болница на Клиниката за кожни болести, изјави министерот за здравство Венко Филипче на прес конференција.
Во изолација е и матичниот лекар од Дебарската болница кој првично ги прегледал сопружниците кои се меѓу заболемите од коронавирус.
Тој рече дека викендов се одржала и конференција на која предавала директорката на Клиниката за кожни болести и на која присуствувале 103 лица.
– Тие сите се исконтактирани и кај нив препораката е домашна изолација. На конференцијата имало тројца гости од Грција и известен е грчкиот минстер за здравство. Дезифинцирана е салата и Клиниката за кожни болести од страна на Центарот за јавно здравје – рече Филипче.