Клиниката за кожни болести под клуч следните две недели

398

Клиниката за кожни болести целосно ќе биде затворена во следните две недели, персоналот ќе биде во двонеделна домашна изолација, а пациентите веќе се пуштени дома, велат од Министерството за здравство, пренесе ТВ21.

Оваа одлука доаѓа откако утврдиле дека директорката на Клиниката, која пред пет дена се вратила од Италија, а во меѓувреме одела на работа, е позитивна за коронавирус.

Во моментов во Клиниката се присутни епидемиолози и уште неколкумина вработени, и ги подготват просториите за дезинфекција.

За пациентите се смета дека можат да го продолжат лекувањето и во домашни услови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...