Спиро Ристовски: Бошковски го знам од ТВ, а со Бетмен не сум комуницирал на 27 април

564

Поранешниот министер Спиро Ристовски, обвинет во судскиот процес за 27 април во своите воведни зборови денеска рече дека Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција го затворилo обвинението без тој да даде исказ.

На ова претходно се пожали и поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски.

Ристовски тврдеше дека во периодот за кој му се препишува кривичното дело не бил на партиски функции, а и тоа дека немал никаква комуникација со Никола Бошковски кого не го ни познава.

– Првпат го видов на телевизија, а со Владимир Атанасовски само трипати службено сум комуницирал. Не сум имал комуникација со градскиот и со другите партиски комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Со сведоци ќе докажам дека наводните пораки споменати во обвинителниот акт и не се испратени од моја страна. Критичниот ден не сум комуницирал со Богдан Илиевски-Бетмен. Не сум знаел што ќе се случи тој ден. Очекувам ослободителна пресуда за мене – рече Ристовски.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...