Во Дебар и во Жупа во домашна изолација се 8 здравствени работници

355

Во Дебар и Центар Жупа засега нема други сомнителни случаи на коронавирус, но поради контакт со сопружниците кај кои е утврден Ковид-19 во домашна изолација се осум здравствени работници, потврди Баки Халили директор на општата болница во Дебар.

Станува збор за здравствени работници кои имале контакт со сопружниците од селото Баланци, општина Центар Жупа, кај кои коронавирусот беше потврден во петокот.

– Од болницата во Дебар во домашна изолација се двајца лекари, еден лаборант и еден ренген техничар, додека од здравстениот пункт во Центар Жупа, двајца лекари и двајца медицински техничари. Сите тие имаа контакт со веќе заразените – додава Халили.

Според него, во изминатите два дена извршена е целосна дезинфекција на просториите во здравствениот пункт во Центар Жупа, каде првпат се јавиле сопружниците за услуга, по нивното враќање од градот Бреша, Италија, на 27 февруари.

Претходно, дезинфекција е направена во сите одделенија во дебарската болница каде што престојувале сопружниците и оти вработените строго ги почитуваат сите препораки на Министерството за здравство.

Тој апелира до граѓаните да ги почитуваат советите за избегнување собири и одржување хигиена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...