Бројот на меѓународни пристигнувања на туристи би можел оваа година поради ширењето на коронавирусот да се намали за прв пат од ширењето на коронавирусот во светот за прв пат по глобалната финансиска криза во 2009 година, објави Светската туристичка организација (UNWTO), ревидирајќи ги претходните проценки за значителен раст на меѓународниот туризам.
Организацијата со седиште во Обединетите нации објави дека меѓународните пристигнувања на туристи може да паднат меѓу еден и три проценти во 2020 година, додека во јануари процениле дека ќе се зголемат за три до четири проценти.
Падот на пристигнувањата би резултирал со загуба од 30 до 50 милијарди американски долари во меѓународените приходи од туризамот, соопштија од организацијата со седиште во Мадрид.
Прв пад на туризмот од 2009 година.
Доколку се исполнат овие проценки, ова ќе биде прв годишен пад на меѓународните пристигнувања на туристи од 2009 година, кога глобалната финансиска криза силно ги погоди секторите за патувања и туризам.
Според новите проценки на „UNWTO“, азиско-пацифичкиот регион се очекува да биде најпогоден, со пад од 9 до 12 проценти на туристичките пристигнувања.
– Проценките за другите светски региони би биле прерани, со оглед на брзиот развој на ситуацијата“, проценува „UNWTO“. Организацијата вели дека ограничувањата за патувања и откажувањата од летовите значително ја намалуваат понудата на туристички услуги додека побарувачката е слаба. Ги советуваат владите да не наметнуваат ограничувања за патувања и да повикуваат на финансиска и политичка поддршка за мерки насочени кон закрепнување на туризмот.
Меѓународните туристички пристигнувања се зголемија за четири проценти во минатата година на 1,5 милијарди, со тоа што Франција е најпосетуваната земја во светот, а потоа следат Шпанија и САД. Тие создадоа приход од околу 1.500 милијарди американски долари.
Кина, најголем светски извор на меѓународни туристи, воведе драконски карантини и патни ограничувања за да го задржи големото население во затворено и со тоа да се обиде да го спречи ширењето на болеста.
Дестинациите кои се најпогодени од падот на пристигнувањата на кинеските туристи веројатно ќе бидат САД, Тајланд и Јапонија, соопшти „UNWTO“.
ФОТО: EPA-EFE-ADI-WEDA