Претседателот на ВМРО-ДОМНЕ Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција рече дека останува на ставот да не се кандидира за пратеник на изборите на 12 април и да биде шпицен кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за мандатар.
Во врска со имињата на лицата кои ќе бидат потенцијални кандидати за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, рече ќе го одлучи централниот комитет на партијата закажан за вторник, по што кандидатските листи ќе ги објават во јавноста.