ЛДП ќе коалицира со СДСМ

460
Централниот одобор на ЛДП одлучил партијата на претстојните избори да коалицира со старо-новиот партнер СДСМ, потврди претседателот на Либерално-демократска партија, Горан Милевски.
– Членовите оценија дека досегашното коалицирање со СДСМ е успешно, така што во следниот период треба да се заокружат реформите во целост за успешен европски интегративен процес. Партијата очекува дека либералните вредности и барања ќе се почитуваат од страна на нашите партнери – вели Милевски.
Тој рече дека партијата ги утврдила кандидатите за пратеници.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...