Ќе нема независни листи на пратеници на 12 април

354

На полноќ истече рокот за собирање потписи за независните листи и според податоците од Државната изборна комисија на претстојните парламентарни избори ќе нема ниту една независна листа на пратеници, бидејќи не е исполнет условот за илјада потписи.

ДИК информира дека од шестмина независни носители кои се пријавија до истекот на рокот, ниту еден не собрал повеќе од 553 граѓански потписи од потребните илјада.

Најмногу потписи, 553, собра листата на група избирачи предводена од Горан Тасковски, во Изборната единица 5.

Другите носители на независни листи беа Емилија Гелева, Игор Цветковски, Зоран Мијалков, Петар Котевски и Исмаил Бојда.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...