Спасовски не ги чул „бомбите“ за Милошоски, повика да се истражи од каде се

316

За објавените „бомби“ за Антонио Милошоски за кои тврди дека се дел од материјалите предадени на СЈО, денеска премиерот Оливер Спасовски рече дека се што имале СДСМ го предале на СЈО.

– Јас не ги слушнав и не знам за што се работи, само знам дека се објавени некакви материјали. Повикувам институциите да истражат, да видат кои материјали се, какви се, од каде се објавени и да преземат соодветни мерки. Нулта толеранција за оваа работа. Институциите треба да работат ефикасно и да ги откријат тие кои ова го прават, и врз основа на тоа да преземат соодветни санкции – изјави Спасовски.

Тој додаде дека на дневна основа се следат сите аспекти во однос на корона вирусот и доколку има каква било потреба за зголемување на мерките со цел заштита на здравјето на граѓаните тоа ќе биде направено.

– Знаете дека максимално посветено се работи и од Министерството за здравство и од Кризниот штаб. Како Влада вчера дадовме препораки дека продолжува за една недела препораката до сите кои организираат настани на затворено и спортски натпревари без публика – истакна Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање дали е можно одложување на партиските конвенции поради корона вирусот.

Прашан дали ќе биде носител на листа во втората изборна единица Спасовски, рече дека за тоа ќе треба да се почека одлуката во партијата и оти се ќе биде познато во понеделник.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...