Нема крај на судските процеси во кои е вклучена хрватската пејачка Северина Којиќ. Борбата за старателството над синот Александар со поранешниот партнер Милан Поповиќ, не ѝ е единствениот судски процес.
Судијката Луција Ласиќ ја тужи хрватската пејачка Северина Којиќ поради навредите кои пејачката ги изнела на нејзина сметка.
Според пишувањата на хрватските медиуми, поради изјавата која Северина ја дала на прес-конференција воочи својата регионална турнеја „The Magic Tour“
во октомври 2019 година, судијката решила да покрене тужба против пејачката за навреда на честа.
Исто така, барала и дополнителна оштета во износ од 3.000 евра.